Центком во објава на мрежата Икс соопшти дека уништиле и две беспилотни летала на Хутите над Црвеното Море, пренесува Ројтерс.
„Тоа оружје претставува јасна и непосредна закана за американските и коалициските сили и трговските бродови во регионот“, изјави Централната команда на американската војска.
Хутите напаѓаат бродови во Црвеното Море од ноември минатата година како поддршка на Палестинците во Појасот Газа.