петок, 18 октомври 2024

Амбасадорот Оцука најави „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

На 11 октомври Јапонскиот амбасадор Оцука Казуја беше гостин на концертот на јапонскиот
оперски пејач Котетсу Казухиро, кој е познат на македонската јавност по тоа што пее
македонски традиционални песни. Тој беше дел од програмата на интернационалниот
фестивал за класична музика Интерфест во Битола. Во разговор со новинарите амбасадотот Оцука ја најави „Недела на јапонски филм“ која ќе се одвива во Скопје и Битола од 3 до 10 ноември оваа година и ја нагласи важноста на ваквите настани и културната размена за развој на билатералните односи.

Објавено на

часот

Сподели

Воедно, aмбасадорот го спомна јубилејот кој ќе се слави во 2024 година – 30 години дипломатски односи помеѓу Јапонија и Македонија, за што во Амбасадата веќе врши подготовки за достојно да го одбележи.

д

Неодамна Амбасадата на Јапонија објави повик за дизајн на идејно решение лого за одбележување на јубилејот кој се затвора на 20 октомври.

Амбасадорот Оцука ги покани битолчани да го погледнат филмовите кои ќе се прикажуваат во Центарот на култура во Битола на 9 и 10 ноември.

д

Јапонската амбасада и Кинотеката на Македонија во соработка со Јапонската
фодација по претставуваат 16-то издание на „Недела на јапонски филм“ во Кинотеката во
Скопје и по четврти пат во Центарот на култура на Битола.

Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски, официјален фотограф на Домот на културата во Битола

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ