четврток, 7 ноември 2024

Дипломатот Миленкоски доби меѓународна награда на универзитетот во Дурам

Центарот за истражување на границите (IBRU), при универзитетот во Дурам, Англија, на македонскиот дипломат Миле Миленкоски му ја додели годишната награда за 2023 година, за придонес во областа на меѓународните граници.

Објавено на

часот

Сподели

IBRU ја доделува оваа награда еднаш годишно на лице или институција која има напредно познавање за креирање граници или има имплементирано програма во текот на изминатата година, која значително придонела во областа на границите или во прекугранична соработка. Центарот е во состав на Универзитетот во Дурам, кој е трет најстар во Англија, по Оксворд и Кембриџ. Наградата е именувана по Реј Милефски, долгогодишен раководител на Канцеларијата за географски и глобални прашања во Стејт департментот на САД.

„За првпат наградата ја добива лице од Европа и за мене претставува големо признание и чест. Воедно е афирмација на Македонија и регионот, бидејќи во светски рамки ги афирмира достигнувањата на државата во областа на државните граници. Овде би сакал да потсетам дека на моја иницијатива, во април 2023 година, во Скопје се одржа Светски конгрес за граници, на кој имав презентација за делимитација и демаркација на границите и дека моите научни и стручни трудови во областа на меѓународните граници се цитирани повеќе од 200 пати, во светски рамки“, изјави Миленкоски.

Инаку Миленкоски во Македонија ја чека разврската на судскиот процес против МНР поради незаконскиот отказ. Управниот суд ја прифати неговата тужба и го поништи решението на второстепената комисија на Владата. Се уште чекаме од институциите да ја спроведат пресудата, вели Миленкоски кој беше дел од аферата со нелегалниот превоз на македонски државјанин од од Ерменија во Македонија.

„Од друга страна, надвор од државата работите се одвиваат со поголема експедитивност. Судот во Србија ја потврди мојата невиност, Интерпол со решение ја поништи потерницата и Судот за човекови права од Стразбур, прелиминарно ја прифати тужбата против Ерменија поради нарушување на моите човекови права“, вели Миленкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ