четврток, 24 октомври 2024
Одбележување на 248 години од независноста на САД

Амбасадорката Агелер ѝ порача на Владата да се „потпира на добрите ангели“

„Изборите кога ќе завршат императив е да се вратиме на она што еден од нашите најголеми претседатели, Абрахам Линколн, го нарече ‘подобрите ангели на нашата природа’. Повторно да се обединиме како народ и да работиме за доброто на граѓаните. Ова важи овде, како што ќе се применува во САД во ноември. Затоа, ви честитам Вам и на вашата Влада и  на сите што го правите ова, односно се потпирате на добрите ангели“, порача амбасадорката на САД, Анџела Агелер од прославата на 248 години американска независност.

Објавено на

часот

Сподели

Во својот говор пред присутните на прославата во Амбасадата на САД, Агелер изјави дека ѝ е чест да ги претставува САД во земјава и говореше за промените со кои се соочува светот, изборите што годинава се одржуваат во над 90 држави, за демократијата и потребата од нејзина заштита.

Осврнувајќи се на демократијата и нејзиното значење, амбасадорката ја цитираше добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Реса, која порача дека демократијата е кревка, дека треба да се бориме за секој нејзин дел, за секој закон, за секоја заштита, за секоја институција, за секоја сторија.

 

„Мора да знаете колку е опасно да го претрпите дури и најмалото ускратување. И денеска нејзините зборови имаат поголемо значење од кога и да е. Секаде околу нас гледаме свет кој се менува. Повеќе гласачи од кога било во историјата имаат право да гласаат во 2024 година во над 90 земји и во ЕУ, дури и во време кога војни и конфликти погодуваат милиони низ целиот свет. Сега се потсетив дека најсилните демократии не успеваат сами. Кога сме обединети сме посилни. САД се посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија“, рече Агелер во обраќањето пред присутните на церемонијата.

Агелер денеска преку платформата Х порача дека прославата била прекрасна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ