петок, 8 ноември 2024

Амбасадата во Тирана одбележа 30 години од дипломатските односи меѓу Македонија и Албанија

Во организација на амбасадата на Македонија, синоќа во Тирана, со пијано концерт на познатата пијанистка Ема Попивода беше одбележана 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Албанија. Пред дипломатскиот кор, претставниците на македонското национално малцинство, бизнис заедницата и истакнати личности од јавниот живот на Албанија, се обрати амбасадорот Данчо Марковски, кој високо ги оцени односите и соработката меѓу двете земји.

Објавено на

часот

Сподели

„Географијата нѐ прави соседи, историјата пријатели, економијата партнери, неопходноста сојузници. Се надевам дека во наредните години следните генерации ќе бидат насочени кон проширување на бизнисите, фокусирање на уметноста и културата и ќе процветаат во размена на студенти и туристи“, рече амбасадорот Марковски.

д

Пијанистката Попивода потоа го изведе уникатниот музички проект ,„Македонски ноктурна“, кој содржи дванаесет композиции напишани за соло пијано од македонскиот композитор Димитрие Бужаровски, кои се темелат на македонски народни песни.

д

Уникатните етно звуци на специфичните ритми карактеристични за нашата народна музичка традиција наидоа на мошне добар прием кај присутните гости, за кои потоа следуваше пригоден коктел.

Дипломатските односи меѓу Македонија и Албанија, се воспоставени на 24 декември 1993 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ