сабота, 19 октомври 2024

Амазонските нации не постигнаа заеднички договор за ставање крај на уништувањето на прашумата

Објавено на

часот

Сподели

Во заедничката изјава, наречена Белемска декларација, се вели дека новиот сојуз ќе има за цел да спречи прашумата во Амазонија да достигне „точка од која нема враќање“.

Зачувувањето на Амазонија е централен дел во напорите за борбата против климатските промени.

Пред самитот, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва повика на усвојување на заедничка цел за ставање крај на уништувањето на шумите до 2030 година, стратегија што веќе ја усвои бразилската влада.

Околу 60 отсто од Амазонија, најголемата прашума во светот, му припаѓа на Бразил.

Други земји кои учествуваа на состанокот се Боливија, Колумбија, Еквадор, Гвајана, Перу, Суринам и Венецуела.

Во својот воведен говор во вторникот, Лула истакна дека климатската криза сериозно се влошила и дека тоа бара итна обединета акција од сите земји.

Состанокот во Белем се смета за подготовка за конференцијата на ОН за климатски промени, која ќе се одржи во 2025 година, исто така во Белем. Уништувањето на шумите во Бразил е значително намалено откако Лула ја презеде функцијата претседател од претходникот Жаир Болсонаро, но илјадници квадратни километри шума сè уште се губат секоја година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ