четврток, 24 октомври 2024

Aлтернатива утре на конгрес ќе избира претседател

Алтернатива, дел од владејачката коалиција Вреди утре во Домот на културата во Куманово, под мотото „Продолжуваме, ќе одржи Конгрес на кој треба да се избере претседател. За нов лидер се споменуваат Зеќерија Ибраими и Беким Сали.

Објавено на

часот

Сподели

Алтернатива со изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Македонија е без избран лидер на партијата, а функцијата како времено решение ја извршува поранешниот министер за здравство Беким Сали. Функцијата претседател на парламентот не е спојлива со партиска функција, поради што во мај Гаши поднесе оставка од лидерската партиска позиција.

Според дел од медиумите на албански јазик, најмногу се спомнува името на Зеќирија Ибраими како кандидат за лидерската позиција, но и на Беким Сали.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ