вторник, 22 октомври 2024

Алтернатива ја обвини СДСМ за прекршување на договорот, па сама ќе предложи нов закон за отпис на камати

Објавено на

часот

Сподели

Од Алтернатива велат дека предложи и измена на шест други членови од Законот за извршување за кои првично имале договор со СДСМ, со што значително ќе им се олесни на граѓаните кои се соочуваат со постапката за извршување.

„Но, се чини дека другите наши предлози им направија проблеми на одредени експоненти, кои и самите се вклучени во извршните активности. Со оглед на кризите со кои се соочија граѓаните, како што се пандемијата ковид-19, поскапувањето и општата економска криза, би сакале да ја информираме јавноста дека во врска со оваа активност се договоривме да донесеме закон со кој ќе се отпишат каматите што ги имаат граѓаните и ќе се репрограмираат долговите во однос на јавните претпријатија и другите економски оператори. Предлог-законот го испративме до поранешните коалициски партнери, кои ветија дека ќе го стават во собраниска процедура, но како партија која не е импресионирана од прекршувањето на договорите, СДСМ не го спроведе ниту овој дел од предлогот“, појаснуваат од партијата.

Се додава дека Алтернатива преку своите пратеници во собраниска процедура ќе го иницира Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови, бидејќи како што велат, „сметаме дека во овие тешки времиња низ кои поминаа граѓаните, повеќе од потребно им е вакво олеснување, а во исто време ќе се овозможи и исплатата на овие долгови, што позитивно ќе се одрази, и кај јавните претпријатија, и кај другите економски оператори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ