недела, 21 јули 2024
Ролан Гарос

Алкараз лесно се справи со Циципас и закажа полуфинале против Ѓоковиќ

Објавено на

часот

Сподели

Иако Алкараз беше фаворит, се очекуваше поголем отпор од Стефанос Циципас, но тоа не се случи, Гркот одигра на високо ниво само во третиот сет.

Алкараз маестрално го почна мечот, првите два сета ги доби со 6-2 и 6-1, а отпор од противникот доби само во третиот сет.

Во третиот сет Алкараз имаше предност од 6-2 и две меч топки, но Циципас успеа да се врати и да се избори за тајбрејк во сетот. Сепак во него Шпанецот беше подобар, го доби со 7-5 и се пласираше во полуфиналето. Прво за него на Ролан Гарос.

Во полуфиналето Алкараз ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој претходно во четири сета го совлада Карин Хачанов 3-1 (4-6, 7-6, 6-2 и 6-4).

Утре на програмата се преостанатите два четвртфинални мечеви, Зверев – Ечевери и Руне – Руд.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ