сабота, 19 октомври 2024

Алкараз и Медведев ќе се борат за пехарот на Индијан Велс

Карлос Алкараз со пресврт го совлада Јаник Синер за пласман во финалето на Индијан Велс каде ќе игра против Медведев кој исто така со пресврт славеше над Томи Пол.

Објавено на

часот

Сподели

Синер одлично ја почна пресметката со Алкараз и го доби првиот сет со убедливи 6-1, но работите се променија во продолжение.

Шпанскиот тенисер го крена нивото, ги доби следните два сета со 6-3 и 6-2 и се пласираше во финалето на Индијан Велс.

Таму ќе игра против Данил Медведев кој исто така со 2-1 во сетови го победи Томи Пол.

И тука Пол го доби првиот сет со 6-1, во вториот се играше тајбрејк кој му припадна на Медведев со 7-3. Во третиот решавачки сет Русинот беше подобар со 6-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ