вторник, 22 октомври 2024
Министерот за информатичко општество тврди дека нема непотизам

Алиу: Даути е зет во семејството Алиу, но не е мој зет

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е извадено од контекст, не ми е ниту зет од ќерка, од сестра, може да проверите, да отворите постапка, сѐ е во ред, нема никаков непотизам. Тој е зет на семејството Алиу, не е мој зет“, одговори Алиу на новинарско прашање на денешната прес конференција по повод 100 дена од неговата работа како министер.

Идејата, посочи тој, е да имате луѓе околу вас кои се експерти и на кои им верувате. Дојдов тука да бидам транспарентен, да го отворам министерството за граѓаните, рече Алиу, најавувајќи дека кабинетот на МИОА ќе има поткаст, а еден од нив ќе биде со новинарите. 

Алиу потсети дека ова му е прва политичка позиција бидејќи доаѓа од приватниот сектор и оти е свесен  дека јавноста е чувствителна од овој аспект. 

„Кога доаѓате во последната година од владеење, мора да бидете претпазливи од аспект на креирање на човечка инфраструктура во кабинетот. Единствениот кабинет што ја отсликува реалноста во Македонија е кабинетот за МИОА каде што внатре ги имате сите категории, значи експерти од сите националности и јас се гордеам со тоа“, наведе Алиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ