вторник, 22 октомври 2024

Албански фудбалер ги пцуеше Македонците и Србите по мечот со Хрватска (ВИДЕО)

Албанија со гол во 95. минута се избори за реми против Хрватска, натпреварот заврши 2-2, а по последниот судиски свиреж, фудбалерот Мирлинд Даку имаше примитивен националистички испад.

Објавено на

часот

Сподели

Тој зема мегафон во раката и им диригираше на албанските навивачи скандирање со кое ги пцуеше Македонците и Србите.

За ваквото навредливо скандирање Даку би можел да биде казнет од УЕФА.

Казна за Албанија ќе има сигурно и поради навивачите кои во текот на мечот имаа националистички испади скандирајќи „Убиј, убиј, убиј го Србинот“.

Претходно УЕФА му ја зема акредитацијата на косовски новинар кој покажуваше „орли“ кон трибината каде што беа српските навивачи на мечот меѓу Србија и Англија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ