четврток, 31 октомври 2024

Албанија формира резервен воен состав, првите единици се очекуваат на почетокот на следната година

Албанија ќе формира резервен воен состав, соопшти министерот за одбрана на оваа земја Пиро Венгу. Тој истакна дека владата ја донела одлуката поради глобалната ситуација, но и исполнувањето на стандардите на НАТО, пренесува Косово онлајн.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Постои потреба за создавање резервен состав. Ова им дава на активните воени лица, кои од различни причини одлучиле да развиваат кариера во приватниот сектор, можност да се вратат во оружените сили со специфични мисии и да дадат придонес во конкретни мисии со обврски кои можат да покриваат и мировни мисии или потребите на регионот“, наведе Венгу.

Тој истакна дека формирањето на првите единици се очекува на почетокот на 2025 година, а определени се и средства во износ од 15,5 милиони евра за формирање на овие сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ