недела, 20 октомври 2024

Ал каеда ги повика приврзаниците да ги нападнат Евреите и нивните сојузници

Терористичката група Ал каеда ги повика своите симпатизери да почнат со напади врз Евреите и нивните сојузници ширум светот.

Објавено на

часот

Сподели

„Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо. Синовите на исламот треба да ги нападнат ционистите на места како што се улиците на Дубаи, Абу Даби, Саудиска Арабија и Бахреин“, се вели во соопштението објавено преку вообичаените канали на терористичката мрежа.

Борците на Хамас извршија масакри минатата сабота, во кои убија повеќе од 1.300 лица во израелските погранични градови и на музички фестивал, а раниле 3.391 лица.

Израел одговори со силно воздушно бомбардирање на Газа. Повеќе од 1.900 Палестинци се убиени, а околу 7.696 се ранети во израелските напади, соопшти Министерството за здравство на Газа.

Ал Каеда ги повика милитантите да ги нападнат приврзаниците на Израел.

„Затресете го тлото под американските воени бази, нивните аеродроми и амбасадите во нашите исламски региони. Затоа што од нивните магацини таа муниција оди во Израел и паѓа врз главите и грбот на нашите браќа Палестинци“, се вели во соопштението.

Останува прашањето колку е големо влијанието на оваа терористичка група.

Ал каеда ја презеде одговорноста за нападите на 11 септември во Соединетите држави пред повеќе од 20 години.

Основачот и поранешен водач на организацијата, Осама бин Ладен, беше убиен од американските специјални сили во Пакистан во 2011 година.

Наследникот на Бин Ладен, Ајман ал Завахири, беше убиен минатото лето во напад со беспилотно летало во Кабул главниот град на Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ