петок, 18 октомври 2024

Ако сакаат, пратениците можат да одлучат на Судскиот совет да му престане мандатот

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе информации, посочи Лога, ќе добиеме во следните денови, откако ќе разговарам и со опозицијата во Собранието. 

„Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите кои што може ние да ги имаме како решение“, појасни Лога. 

Одговарајќи на новинарски прашања за резултатите од анкетата на ОБСЕ за негативните оценки за судскиот систем, Лога посочи дека при крај е Стратегијата за 2023-2027 година, во чија работна група се дел од институциите, истакнати професори, академци, кои, како што посочи, ќе кажат како да се справиме со овој голем предизвик во судството.

„Загрижен сум за истите бројки и податоци, кои ги кажува не само извештајот на ОБСЕ, туку и сите други институции во државата и меѓународната заедница“, изјави Лога, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на канцеларија за бесплатна правна помош во општина Шуто Оризари.

Прашан дали ги добил сите записници од седниците на Судскиот совет, Лога рече дека се уште го немаат добиено записникот кој го барале, како и дека не добиле ниту објаснување за тоа.   

„За жал записникот што ние го бараме, до ден денеска не е доставен до министерството“, изјави Лога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ