понеделник, 28 октомври 2024
Регионална конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“

Ако има интегриран Балкан ќе има и мирен и безбеден Балкан

Од земјите од Западен Балкан несигурни се чувствуваат граѓаните на Македонија и на Босна и Хецеговина и затоа мирен и безбеден Балкан е можен само ако има интегриран Балкан е само една од констатаациите што произлегув од дискусиите на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“ што се одржува денеска во Скопје. 

Објавено на

часот

Сподели

Марија Ристевска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики, рече дека се наоѓаме во еден исклучителен геополитички поларизиран момент каде што граѓанските организации можат да имаат клучна улога во градење отпорност и промовирање на мир во регионот. 

„Заради тоа, големо задоволство ни е дека во текот на денешниот ден ќе потпишеме 20 грантови, договори за грантирање на организации од регионот коишто ќе работат на овие теми – безбедност, стабилност, добро владеење на право, борба со корупција, родова еднаквост, заштита на животна средина. Сите тие се испреплетени и влијаат на тоа каква е стабилноста на Балканот“, изјави Ристевска.

Информира дека на вториот панел денеска ќе се презентираат резултатите од „Секјури метарот“ којшто го подготвува Регионалниот совет за соработка којшто покажува за првпат дека организираниот криминал, корупцијата и меѓуетничките поларизирани односи се главните закани коишто ги гледаат граѓаните на Балканот како закани на мирот и стабилноста на регионот.

Воедно истакна дека истражувањата покажале дека од земјите од Западен Балкан несигурни се чувствуваат граѓаните на Македонија и на Босна и Хецеговина. 

„Засега имаме за некои од областите поместувања, а мислам дека довербата во граѓанските организации се зголемува во текот на годините и сфаќаат дека она што го препорачуваме вреди да се имплементира. Се надевам дека со изборите во Србија, со следните претстојни избори и во Македонија ќе имаме влади коишто ќе продолжат со тој дијалог со граѓанските организации, ќе нѐ сметаат за конструктивен актер во реформите и во унапредувањето на состојбите на Балканот“, рече таа.  

Мирен и безбеден Балкан е можен само ако имаме интегриран Балкан. Многупати се покажало дека интегративните процеси за нас се и процеси на помирување внатре во секоја од нашите земји, но и помеѓу нас, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Петровска посочи дека ЕУ е најдобар пример за обезбедување мир помеѓу земјите, воено, истакна министерката, дека Македонија континуирано работи на целта за влез во Европската унија.

„Ние патот кон ЕУ го поплочуваме и работиме на тоа. Северна Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од големото европско семејство, семејство на вредности и идеали. На патот кон тоа претстојат уште многу задачи, многу обврски. Сите знаеме дека сме исправени пред предизвикот на усвојување на уставните измени кои за жал до овој момент не се реализирани. Се надевам дека сите демократски сили, прогресивни сили кои ѝ мислат добро на оваа држава ќе го направат вистинскиот чекор во таа насока“, изјави Петровска.

Додаде дека со развој на технологијата и техниката во светот се појавуваат и различни облици на закани и напади, но дека Македонија одвојува големи средства во однос на заштитата.

„Никој не може да гарантира дека во која било држава процесот на заштита од сајбер напади или сајбер безбедноста секогаш ќе биде крајна. Тоа е предизвик на којшто ние постојано мораме да работиме и токму затоа оваа поддршка и оваа најава за поддршка јас ја сметам како исклучително добар гест и гест на пријателство и на давање признание за тоа што во изминатиот период сме направиле на ова поле. Се разбира дека можевме да зборуваме и од друга дистанца, односно би можеле да зборуваме и за тоа како ние како земја членка на ЕУ би придонеле за тоа, но, како што кажав, за тоа се потребни политички, храбри и визионерски одлуки“, оцени министерката.

Таа истакна дека во Министерството за одбрана досега не биле регистрирани, особено во изминатите неколку месеци, кибер напади кои би наштетиле на инфраструктурата.

„Тоа се должи на постојаното градење на капацитетите и соодветната инфраструктура која ни овозможува рано предупредување за таков вид на напади. Во Северна Македонија досега од оние што не беа класични сајбер напади туку повеќе хибридни напади не се регистрирани посериозни напади или обиди за напади кои би ни направиле пореметување во работењето на институциите“, рече таа.

Во однос на војната во Појасот Газа и колку тоа претставува опасност по безбедноста за земјава, Петровска кажа дека нема закана од конвенционален тип и оти се работи со повратниците во земјава кои што се регистрирани и нивна интеграција и ресоцијализација во општеството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ