среда, 23 октомври 2024

Ајова го забрани абортусот по шестата недела од бременоста

Во американската сојузна држава Ајова стапи на сила законот со кој се забрануваат речиси сите абортуси по шестата недела.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Законот дозволува процедура додека не се откријат раните знаци на срцева активност кај фетусот или ембрионот, со исклучок во случаи на силување, инцест, фетални абнормалности и кога животот на мајката е во опасност, јавува Би-би-си.

Забраната донесена од Републиканците беше блокирана по минатогодишното усвојување пред да биде потврдена од највисокиот суд на државата минатиот месец.

Тоа е една од најрестриктивните политики што се спорведува откако Американците го загубија националното право на пристап до абортус пред две години, со укинувањето на Ро против Вејд кој го гарантираше федералното право на абортус.

Ајова сега се приклучува на се поголемата листа на држави од Средниот запад, вклучително и соседните Мисури и Јужна Дакота, кои воведоа ограничувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ