среда, 6 ноември 2024

Aхмети повторно запеа, овојпат во чест на соборецот Џафери

Лидерот на ДУИ и пратеник, Али Ахмети денеска повторно запеа, видно расположен, како и многупати кога работите му одат од рака. И, се објави видео пласирано на ТикТок и потоа на платформата Х. И мнгоумина го споделија, кој од симпатија, кој зашто е интересно. Целта е постигната – треба да се знае, чуе и прочуе.

Објавено на

часот

Сподели

Со своето друштво, во кое сега во кариерата е унапреден Талат Џафери од претседател на Собранието во претседател на Владата, Ахмети со песна прославуваше. (Уставот вели дека е уназадување, прва била функцијата шеф на држава, втора шеф на парламент, а трета шеф на Влада, но практично не е така, сеедно, да не бидеме деталисти).

Некогаш Ахмети знаеше да запее во автомобил по успешна политичка разврска или добар потег на ДУИ контра опозицијата, некогаш знаеше да запее и запали цигара во Министерството за политички систем кај домаќинот Артан Груби, кога му прославуваа роденден, макар и плател казна заради уживањето тутун во службена росторија, а еве денеска е повторно Ахмети „во елемент“ и пее.

Но овојпат со цигара в рака е новиот премиер Талат Џафери. Или пак, тоа повеќе личи на квалитетна пура. А, Ахмети или престанал да пуши или ја тргнал навреме цигарата за да не плаќа казна. Со чашка коњаче е овојпат во раката. А тоа не е недозволено.

Кој пее, зло не мисли, велат постарите.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ