вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција на лидерот на ДУИ

Ахмети: По барање на Курти го примив косовскиот министер за транспорт за да се гради пат кон Призрен

Објавено на

часот

Сподели

„Во интерес нашата држава е развој на соработаката со Косово како и развој на соработката и со другите соседни земји, Албанија, Грција, Бугарија, Србија, зашто треба да имаме предвид дека регионот мина низ конфликти и војни со тешки последици. За да се биде успешен во градењето добри односи со народите и граѓаните,  потребна ни е подобра соработка“, рече Ахмети.

Во таа насока Ахмети рече дека изградата на пат од Тетово до Призрен, кој е проектиран, ќе биде од особен интерес на двете земји. Важно е да се започне што побрзо со изградбата на овој пат, рече лидерот на ДУИ.

„Мора да се концентрираме на тоа како да ги развиваме натаму пријателските односи“, нагласи Ахмети.

д

Косовскиот министер Љибурн Аљиу рече дека, меѓу другото, треба да се пристапи на проектирање на тунелот што ќе минува низ Шар Планина и потоа да се започне со изградба на патот Тетово-Призрен кој ќе придонесе и за развој на туризмот, покрај на економската соработка.

„Веќе има физибилити студија која ја изработи Република Северна Македонија. Во фаза сме на финансиски договор за да го реализираме проектот, дизајнот и за заедничкиот тунел и потоа да преминеме во фаза на целосна реализација на овој проект. Овој проект, покрај поврзувањето на Призрен со Тетово, го поврзува и делот од Националниот парк Шар Планина во делот на Република Косово со делот на националниот парк во делот на Република Северна Македонија. Овие две области имаат исклучителни вредности и можности за економски развој преку зимскиот и летниот туризам и оваа рута ќе создаде можност за заедничко управување со Националниот парк и управување со развојот на туризмот за двете земји, рече Аљиу.

Тој му се заблагодари на Ахмети што му овозможи да дојде и да разговараат за проектот.

Инаку, за изградба на пат од Тетово до Призрен во петокот во Вејце, на Шар Планина разговараа градоначалникот на Тетово и лидер на опозициската Беса, Биљал Касами и косовскиот премиер Аљбин Курти, кој беше во неофицијална посета и кој не побара средба со државниот врв ниту со лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети.

По прес-конференцијата, која произлезе дека е само давање на изјави, лидерот на ДУИ и косовскиот министер заминаа без да овозможат новинарски прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ