„Кога вие, господине Милошоски сте биле роден, на 29 февруари 1976 година јас како гиманзијалец бев во ќелија, негиран, исмеван, ставен настрана од тие што владееја. Како млад не бев рамноправен со тие што учев, ми го негираа јазикот, а на моите родители им се негираше вработувањето во земјава, па мораа да одат во странство, Јас затоа зборувам како човек кој пател, бил торуриран од тогашниот систем. Кога било во Кичево подобро, кога бев под кирија или сега кога сме рамноправни. Го знам македонскиот јазик, градоначалникот е Албанец, а општината функционира одлично, затоа што заедно работат Албанците и Македонците и другите“, рече Ахмети директно обраќајќи му се на Милошоски како кичевчанец.
Потоа упати обраќање до пратеникот Павле Трајанов.
„Почитуван Трајанов, во 2001 година бевме на различни страни. Дали тогаш беше подобро кога ме бркавте со државен апарат или кога сме 22 години сега во ова Собрание каде заедно носиме одлуки за државата и правиме напори да ја зачлениме државата во ЕУ. Дали беше подобро тогаш кога јас и мојата генерација бев следен како непријател и терорист или денеска кога заедно управуваме со нашиот дом. Вие не враќате 22 години назад, како да сме пак кираџии, како Џафери да е кираџија. Не е вистина дека сме кираџии. Едно е вистина, Охридскиот договор ни го даде правото да бидеме еднакви, не го измени само статусот на Албанците, туку и ја смени држаата за добро и на Турците, Србите, Власите, за сите цркви и верски заедници. Сите сме победници со Охридскиот договор. Вие треба да бидете храбри, бидејќи заедно работиме. Не оценувам кој бил посветен повеќе во заедничката работа. Јас и ДУИ се обидовме да станеме фактор како со ВМРО-ДПМНЕ кога делевме власт, така и со СДСМ. Имавме моменти кога партнерот имал значајни барања за нациијата. Јас кажав, дека не може да тропнете на друга врата ако не тропнетет на мојата врата, зашто главни се интересите на државата“, рече Ахмети.
„Како што го гласам Џафери, го гласав и Јован Митрески. На Бојан Маричиќ му посакувам добра работа, како што претходно го гласав Артан Груби за прв вицепремиер. На Владата ѝ посакувам да градат добри политики за иднината“, додаде пратеникот Ахмети.
„Студената војна беше завршена, но имаме сега жестока војна и опасност од нуклеарна војна. Москва ги згази интегритетот и суверенитетот на Украина, затоа мора да бидеме внимателни какви политики ќе водиме, дали ќе бидеме накај идеите на Москва, или со стомакот во Европа. Тие две работи не одате заедно, мозокот и стомакот мора да се усогласени, ние мора да одиме кон ЕУ, не кон Русија“, рече Ахмети.
„Велите дека младината ни оди во странство, но податоците велат дека во земјите кои станаа членки на ЕУ, младината им се враќа. Има бројни примери на држави, земете ја само Полска“, рече Ахмети.
На крајот лидерот на ДУИ нагласи дека е сигурен оти Македонија може да оди напред.
„Би сакал ние да не држиме политички говори, тоа за што обвинувате нека разгледува обвинителство, ние сме секогаш за институционално дејствување, а предложивме одамна и ветинг за функционерите. Тука треба да носиме значајни одлуки за иднината на државата, а истражните и други органи нека работат“, порача Ахмети.
„Нека живеат сите народи во државата“, рече на крајот пратеникот Али Ахмети.