понеделник, 25 ноември 2024
Средба на лидерот на ДУИ и евроамбасадорот

Ахмети до Гир: ДУИ е посветена на мирот, не за дестабилизација како што тврди Мицкоски

„ДУИ е посветена на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и европската интеграција и отфрла секакви монтирани политички владини обиди за дестабилизација. Исто така, остануваме најпосветениот партнер на Европската Унија и САД во Северна Македонија кој што ја гледа земјата партнер и членка на НАТО и ЕУ“, истакнал лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир во партиското седиште во Мала Речица.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што информираат од ДУИ, Ахмети и Гир размениле мислења за Охридскиот и Преспанскиот договор, за Договорот за добрососедството со Бугарија, како и за евроинтеграциите, реформите во согласност со очекувањата на ЕУ и за изборниот легитимитет.

Ахмети, се вели во соопштението, ја елаборирал нацрт-платформата за легитимитет подготвена од авторот на Охридскиот договор, Пол Вилијамс и ПИЛПГ, мислењата на локалните експерти и чекорите што ДУИ и Европскиот фронт ќе ги преземаат во одбрана на легитимитетот.

Лидерот на ДУИ на средбата со евроамбасадорот, зборувал, како што стои во партиското соопштение, и за тенденциозните предупредувања на премиерот Христијан Мицкоски за дестабилизација, истакнувајќи загриженост за можно намерно владино инсценирање преку обвинувања на други со цел, како што посочил, да се дефокусира јавноста од потфрлувањата на власта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ