Пред 2008 година, Агим Красниќи беше водач на т.н. „кондовска група“. Во 2004-та и 2005-та година предизвикаа и мини-криза во земјата која закрепнуваше од конфликтот во 2001-та година. Групата го зазеде Кондово, при што беа заробени неколку полицајци.
По разбивањето на групата, Агим Красниќи и неговата група беа обвинети за кривичното дело подготвување на тероризам. Своевиден скандал беше првостепената пресуда со која групата доби ослободителна пресуда, бидејќи судијката Бајлозова тогаш не најде дека има докази за дејства кои, според законот, го опишуваат кривичното дело.
Апелацискиот суд ја поништи ослободителната пресуда и го врати предметот на повторно судење. Во меѓувреме, протов Красниќи беа подигнати обвиненија и за други дела. За дел од нив и беше осудуван низ годините и издржуваше казна затвор.
Красниќи и Рамадани беа уапсени во Косово заедно со уште две лица, меѓу кои и братот на Агим, Бесим Красниќи (44). За него македонската полиција имаше распишано меѓународна потерница, беше екстрадиран во земјава во средината на мај. Тогаш од МВР информираа дека лицето е спроведено во Казнено-поправната установа затвор Идризово.
Бесим Красниќи се бараше за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам.