вторник, 22 октомври 2024
Прес конференција на американската амбасадорка во Македонија

Агелер: Ставањето на Камчев и Мерко на црната листа не е ниту лично ниту политички мотивирано

Објавено на

часот

Сподели

Откако вчера САД го ставија на „црната листа“ бизнисменот Орце Камчев, денеска американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека во моментов има повеќе личности и организации што се разгледуваат, но не може да каже кој ќе биде следен

Ќе биде интересно да се видат следните чекори, изјави амбасадорката Агелер на денешната прес конференција откако Министерството за финансии на САД вчера соопшти дека бизнисменот Орце Камчев е ставен на црната листа на САД.

За Северна Македонија да ги надмине предизвициите што следат и да ја исполни целта за просперитетна, продуктивна и ценета членка на ЕУ, корупцијата не може туку така да минува. Корумпираните мора и ќе одговараат како што ова назначување и покажуваКорупцијата не смее туку така да минува. Одговорните мора да одговараат. Злоупотребата на законот, позицијата, перењето пари, подмитувања и други прекршоци во кои учествувал Орце Камчев, не само што ја еродираат довербата на јавноста во судскиот систем на Северна Македонија, туку и претставува значајно предавство на граѓаните на оваа земја. Јавноста заслужува институции на кои може да им се верува дека ќе ги следат демократските ведности со транспарентност и без компромис. “, рече амбасадорката Агелер.

Таа потенцира дека ставањето на црната листа на Камчев но и на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко не е ниту лично ниту политички мотивирано. Рече дека сега не може да каже кој би бил следниот што евентуално би бил ставен на американската црна листа.

„Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат. Бевме во можност да најдеме докази против овие личности и тие докази се собрани овде, во земјава. Значи, информациите се достапни, работевме со институциите. Но, следните мерките зависат од надлежните органи“, рече Агелер.

На денешната прес конференција Агелер се осврна и на претстојните уставни измени и односите помеѓу Македонија и Бугарија.

На новинарско прашање да даде коментар на последната изјави на специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во која тој најавува ангажаман со новата бугарска Влада за да се спречат натамошни блокади на интеграцијата на земјава во ЕУ и на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се само првиот чекор од низата барања кои понатаму ќе следат, Агелер истакна дека она што е важно за граѓаните и за евроинтегративниот процес е државата да се фокусира на тоа што таа треба да го стори на тој пат.

„Иако многу работи се кажуваат во оваа земја, во Бугарија, во останатите земји од регионот, сепак, сите сакаат да ја видат земјава да се движи кон членство во ЕУ“, рече Агелер.

Таа нагласи дека Ескобар одржува интензивни контакти и зборува со сите чинители во процесот тука и оти неговата најголема надеж е дека Македонија и региониот прават се што можат за да се движат кон европските и евроатлантските интеграции.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ