среда, 27 ноември 2024
Ништо од враќањето во Барселона

АФП: Меси се договорил со Ал Хилал, ќе игра во Саудиска Арабија

Објавено на

часот

Сподели

Фановите на Барселона се надеваа дека Меси ќе се врати на Камп Ноу, но тој ја одбрал богатата понуда од Саудиска Арабија, тврди АФП кој се повикува на извор од оваа земја.

Се работи за договор од преку 300 милиони евра по сезона, Ал Хилал ќе биде новиот клуб на Меси. 

„Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси ќе игра во Саудиска Арабија следната сезона, извор од саудијците близок до преговорите кажа на АФП велејќи дека договорот е огромен. Заминувањето на Аргентинецот е договорена работа“, се вели во веста на француската новинска агенција.

Тоа значи дека Роналдо и Меси повторно ќе бидат ривали играјќи во иста лига.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ