петок, 18 октомври 2024

Аеродром и Ново Лисиче во темница

Веќе неколку часа трае прекинот на снабдувањето со струја во скопските населби Аеродром и Ново Лисиче. Свеќите се вратија во мода. Две трафостаници, „Аеродром“ и „Исток“, се без доток на струја. Без напон се 110 киловатните далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците. Засега нема официјална информација кога домаќинствата ќе добијат струја. 33.000 домаќинства од Скопје се без струја.

Објавено на

часот

Сподели

По улиците низ Аеродром и Ново Лисиче се слушаат само моторните пили кои ги деблокираат тротоарите од паднатите дрвја. Дури сега се гледа колкава штета предивика краткото невреме во овој дел од градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ