четврток, 24 октомври 2024

Адвокатот на Навални накратко приведен во Москва

Адвокатот на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој ја придружуваше мајката на Навални минатата недела додека таа се обидуваше да ги натера властите да ѝ го предадат неговото тело, беше накратко приведен во вторникот во Москва, објавија руските медиуми.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Адвокатот, Василиј Дубков, подоцна за независниот медиум Верстка рекол дека е ослободен. Според Верстка, тој не ја коментирал причината за неговиот притвор, но рекол дека тоа е попречување на неговата активност како адвокат, пренесе Ројтерс.

Според руските медиуми, адвокатот на Навални бил притворен поради „нарушување на јавниот ред“.

Со помош на Дубков, мајката на Навални, Људмила, успеа да го добие телото на својот син минатата сабота, осум дена откако тој ненадејно почина во казнена колонија на Арктикот.

Таа претходно ги обвини инспекторите дека се обиделе да ја „уценат“ дека ќе го задржат телото, освен ако не се согласи да го погребе без јавен погреб, што таа одбила да го прифати.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин ги нарече овие тврдења апсурдни и рече дека Кремљ не е вмешан во процедурата за Навални.

Минатиот октомври тројца од адвокатите на Навални беа уапсени под сомнение дека ѝ припаѓаат на „екстремистичка група“, а по други двајца е распишана потерница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ