недела, 20 октомври 2024

Адвокатите на синот на Бајден: Обвинителите се откажаа од договорот за признавање вина

Објавено на

часот

Сподели

Федералните обвинители на Делавер во петокот изјавија дека на Хантер Бајден би можело да му се суди за кривични дела откако преговорите за признавање вина пропаднаа.

Окружната судијка Мерилен Нореика го отфрли предложениот договор за признавање вина во јули поради неговата сомнителна законитост и степенот на имунитетот што му бил понуден на Хантер Бајден.

Според договорот, Хантер Бајден би се изјаснил за виновен дека не платил даноци на приход од 1,5 милиони долари во периодот од 2017 до 2018 година и склучил посебен договор за одложено кривично гонење за незаконско поседување огнено оружје додека користел дрога, што е кривично дело.

Случајот стана политички проблем бидејќи републиканците во Конгресот ја отворија можноста за импичмент на претседателот Бајден поради деловните зделки на неговиот син и го обвинија Министерството за правда дека му понудил повластен договор.

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд ги отфрли републиканските обвинувања за фаворизирање и во петокот на државниот обвинител на Делавер Дејвид Вајс, назначен од поранешниот претседател Доналд Трамп и кој го истражува случајот од 2019 година, му додели статус на специјален обвинител со што му се дадени дополнителни овластувања.

Ако случајот отиде на судење, може да се поклопи со претседателската кампања во која Џо Бајден се кандидира за втор мандат на изборите во ноември 2024 година, веројатно против поранешниот претседател Доналд Трамп.

Трамп, републиканец, се соочува со три сопствени кривични судења следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ