„Директор на компанијата МЕПСО е братучедот на Изет Меџити, а членови на надзорниот одбор, синот на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов и сопругата на Богдан Илиески, познат како Бетмен. Последниот беше организатор и водач на насилните протести од 27 април 2017 година, за кои беше осуден од страна на судовите, но сегашната нелегитимна Влада ја наградува неговата сопруга со клучна функција“, пишува во партиското соопштение на Алијанса за Албанците.
Оваа скандалозна комбинација, велат оттаму, во која има некомпетентни, фамилијарни и партиски личности, докажува дека за теснопартиски и семејни интереси партиите кои без легитимитет влегоа во Владата се договориле со тероризмот од 27 април.
„И покрај тоа што ги ослободиле дел од учесниците, сега и ги наградуваат организаторите на тој страшен настан. Сега веќе не станува збор за игнорирање на тие партии од страна на ВМРО и другите партнери, туку за соработка во деградирање на Албанците, бидејќи сите имиња се изгласани заеднички на седницата на Владата“, велат од Алијанса за Албацните.