„Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда и за истата треба да се извини јавно.
Министерот за правда во ниту еден момент и во ниту еден случај нема побарано да се замени некој судија во некоја постапка, барањето за замена на судиите во редовна судска процедура е направено од Алијанса за Албанците преку нивниот адвокат.
Напуштањето на политичкиот дом од страна на Таравари не треба да биде придружено со клевети и невистини.
Уште еднаш, јавно апелираме до ова личност да не стане пречка за АА, како што веќе имаше најавено за неговото дејствување Христијан Мицковски“, се вели во реакцијата.
Инаку, Министерството за правда го раководи министерот Кренар Лога, близок соработник на Зијадин Села.