среда, 30 октомври 2024

78-годишна жена тешко повредена во сообраќајка во велешката населба Речани

Сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 22 часот  на улицата „Пенчо Давчев“ во велешката населба Речани пред Управна зграда на ЈП „Македонија пат“. Во директен судир на автомобил и камион, повредена е 78-годишната С.Ш., која од возилото ја извадиле велешките пожарникари, информира за МИА, од СВР Велес,портпаролот Билјана Ѓаковска.

Објавено на

часот

Сподели

На повредената и била укажана прва помош од екипата на Итна помош и била однесена  во Ургентниот центар  во Општа болница во  Велес. Лекарите по извршените прегледи констатурале фрактура на пршленско тело. Повредењната е надвор од животна опасност, но е  задржана  во Одделението за ортопедија и трауматологија во болницата  на понатамошно лекување.

Во 22:10 часот повик за несреќата примила Службата за Итна помош на Здравствен дом Велес. Екипа составена од лекар и медицинска сестра излегле на терен, информираа од Итната медицинска помош Велес. Појаснуваат дека повредената 78 годишна жена  С.Ш. од возилото ја извадиле велешките пожарникари.

Како што информира началник  д-р Василка Поп Стефанова Панова, во судар на автомобил со камион повредена е жена родена 1946 година. Пациентката била  затекната во автомобилот со болки во слабинскиот дел на кичмата и затворена повреда на главата.

„Беше побарана асистенција од Територијалната противпожарна единица Велес. По пристигнувањето на пожарникарите повредената пациентка беше извлечена од автомобилот. На лице место и беше укажана лекарска помош и по направена мобилизација со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општа болница Велес за понатамошно иследување“, појасни д-р Поп Стефанова Панова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ