среда, 23 октомври 2024

68 тони вода фрлени врз пожари во Богомила и селата Габровник и Мокрени

Два хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваа на повеќе локации каде што имаше пожари во реонот на Богомила, селата Габровник и Мокрени.

Објавено на

часот

Сподели

Хеликоптерот бел 412 во 20 налети исфрли 30 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 14 налети исфрли 38 тони вода. На овој начин е спречено пожарот да се прошири кон селата, но сепак на повисоките места и во пределите со густа шума истиот не е локализиран и се уште е активен, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ