Во однос на онаа од претходниот месец која изнесуваше 56.522 денари, јануарската кошница е зголемена за 641 денар.
Со изнајмен стан од 60 квадрати, минимална кошница за јануари изнесува 72.538 денари што е 566 денари повеќе споредено со декември 2023 година кога изнесуваше 71.972 денара.
Според ССМ, од кошницата, на храна и пијалаци отпаѓаат 21.007 денари или 36,7 отсто, на облека и обувки 4.803 денари или 8,4 проценти, на станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари или 10,5 отсто, на лична хигиена и оддржување хигиена во домот 1.797 денари или 3,1 отсто, на здравје 1.115 денари или 2 отсто, на транспорт 4.759 денари или 8,3 проценти, на комуникации 2.709 денари или 4,7 отсто, на рекреација и култура 4.205 денари или 7,4 проценти, на образование 7.022 денари или 12,3 отсто, на ресторани и хотели 3.733 денари или 6,5 отсто и на останати стоки и услуги 950 денари или 1,7 проценти.