Според локалните медиуми, авионот на крајбрежната стража полетувал кон подрачје погодено од земјотресот кога се судрил со патничкиот авион.
Снимките во живо од јавниот сервис НХК покажуваат дека Ербас А350 гори веднаш по слетувањето. Авионот целосно изгорел пред пожарот да го преполови.
A Japan Airlines aircraft caught fire on the runway at Tokyo’s Haneda airport.
All 379 passengers and crew members on board were safely evacuated. Sending prayers for Japan 🙏😢 #Japan #JapanTsunami #จดหมายปรีดี #JapanEarthquake #PrayForJapan pic.twitter.com/5K0CxdirQn
— Anas Chudhary (@anas_chudharyy) January 2, 2024
Снимките и фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат како патници панично врескаат во кабината исполнета со чад и бегаат по пистата од пожарот.
Video shows the moment passengers flee a burning #Japan Airlines plane on the runway of #Tokyo‘s Haneda #Airport after it landed and burst into flames.#Japan #Tokyo #Airport #Airplane pic.twitter.com/wPSpk0idlr
— Shafi Khan (@iamkhan6143) January 2, 2024
Крајбрежната стража соопшти дека во несреќата учествувал авион кој патувал до аеродромот Ниигата на западниот брег на Јапонија за да достави помош по силниот земјотрес што ја погоди земјата на првиот ден од годината, при што загинаа најмалку 48 лица.
Ханеда ги затвори сите писти по инцидентот, објави портпаролот на аеродромот.