сабота, 20 јули 2024
Проценка на ризиците од корупција во правосудството во Македонија

36 отсто од судиите пријавиле дека искусиле некој вид влијание или притисок од извршната власт

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите покажуваат и дека над една третина – 36 отсто од судиите пријавиле дека искусиле некој вид влијание или притисок од извршната власт (ретко, често или понекогаш), а 37 отсто од политичките партии.

За обвинителите, пак, податоците обелоденуваат дека 36 отсто од нив искусиле обиди за влијание од членовите на извршната власт, а 29 отсто од претставници на политички партии Анализата покажува дека судиите испитаници забележале дека е познато оти некои адвокати ги замајувале своите клиенти со ширење шпекулации за корумпирани судии што треба да се поткупат за да донесат поволна пресуда. Во некои случаи адвокатите дури побарале од своите клиенти дополнителни средства за наводно да ги поткупат судиите, иако парите никогаш не стасале до наводниот примател, а за предметот се решавало непристрасно. 

Амабасдорот Вал, посочи дека оваа проценка ги разгледува внатрешните и надворешните ризици од корупцијата.

„Од една страна надворешните ризици ги идентификуваат судиите и обвинителите, меѓу нив се наоѓаат пристрасни мислења на вештаците, злоупотреба на процедуралните, процесните права на адвокатите, недоволна соработка со други истражни тела. Од друга страна внатрешните ризици се однесуваат првенствено на вршењето влијание врз правењето на годишниот распоред за работа на судиите, блискоста меѓу адвокатите и судиите и обвинителите, селективно избирање на адвокати по службена должност и несоодветно пружање на професионални услуги. Еден од најзагрижувачките наоди е широката распространета недоверба и независноста на Судскиот совет и во однос на унапредувањето и разрешувањето на судиите“, вели Вал.

Билјана Ивановска претседателка на ДКСК се надева дека оваа проценка нема да остане само на хартија, туку ќе биде искористена за градење на здрав контролен систем. Забележа дека најголем дел од пријавите од граѓаните кои пристигнуваат до ДКСК се токму за судските пресуди. Инаку ова е прва ваква проценка, која се заснова на одговорите на судиите и обвинителите.

„Резултатите од истражувањето упатуваат на заклучокот дека во услови на недоволен ефикасен систем на интегритет во судството и јавното обвинителство надворешните и внатрешните фактори и ризици негативно влијаат врз ефикасноста на правосудниот систем, но сепак упатуваат на потенцијални контролни системи кои треба да се воспостават за да го намалат влијанието на утврдените ризици“, вели Ивановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ