петок, 22 ноември 2024

34-годишен син на турски градоначалник почина во затворот во Шутка

Онур Ѓунај, син на градоначалникот на општина Ѓузелбахче (дел од градот Измир) починал од срцев удар во Скопје, јавуваат турските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние сме во големи болки, го загубивме нашиот син Онур поради срцев удар. Информациите за погребната церемонија ќе бидат споделени. Не можам да ги примам вашите повици бидејќи не можам да одговорам на телефонот. Ви благодариме за разбирањето“, напиша таткото и градоначалник на Ѓузелбахче, Мустафа Ѓунај.

Од МВР соопштија дека на 20 ноември во 17.20 часот во СВР Скопје, од казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека на осуденикот О.Г. (34) од Република Турција му се слошило, по што бил пренесен во Градската општа болница ‘8 Септември’ во Скопје, каде што починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ