четврток, 28 ноември 2024

Путин вети дополнителна поддршка за руските војници во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на Божиќ вети дополнителна поддршка за војниците „кои со оружје во рацете ги бранат руските интереси“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој доцна синоќа ги прими семејствата на руските војници кои загинаа во Украина, во таа прилика ѝ нареди на руската влада да им даде поголема поддршка на оние кои сѐ уште се борат и го повика народот да биде милостив и праведен.

„Многу од нашите луѓе, нашите храбри момци, херои, руски војници и сега, на овој празник, ги бранат интересите на нашата земја со оружје во рака“, изјави Путин.

Државната телевизија покажа дека Путин присуствувал на божиќна литургија со членовите на убиените војници во капелата во неговата резиденција во Ново-Огарево во близина на Москва, пренесува Ројтерс.

Годинава Путин не повика на прекин на огнот во Украина за време на празниците, како што направи минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ