недела, 27 октомври 2024

300 возачи возеле брзо низ населени места, вкупно казнети 589 возачи

Објавено на

часот

Сподели

Од казнетите 589 возачи, 34 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 289 надвор од населено место. 

Во Скопје за брзо возење се изречени 58 казни, а вкупно, за разни прекршоци, се казнети 129 лица.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачуваат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ