среда, 23 октомври 2024

30 години Дајнерс клуб Македонија

Под мотото „Кога повеќе значи повеќе“ Дајнерс клуб (Diners Club) ја најави јубилејната година.

Објавено на

часот

Сподели

По 3 децении постоење на пазарот, под мотото „Кога повеќе значи повеќе“, Дајнерс клуб денес го претстави своето лого по повод јубилејот и воедно најави многубројни изненадувања, промоции и награди кои следуваат и ќе се случуваат до крајот на годината, а ќе бидат наменети за сите постоечки и нови членови. Во склоп на јубилејната година од компанијата најавија и бројни хуманитарни активности и проекти од општествено одговорен карактер.

Дајнерс клуб картичката е првата достапна кредитна, а воедно и платежна картичка во земјата. Уште од 1994 година, кога всушност е основана компанијата Дајнерс клуб Македонија, па сѐ до денес, Дајнерс постигнува континуиран и стабилен раст. Во Македонија, со кредитната картичка на Дајнерс клуб може да се плаќа во повеќе од 5.000 продажни места и преку 7.540 POS-терминали. Компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги со 24/7 корисничка поддршка за своите членови, а како дел од мрежата на Discover е признаена и прифатена на повеќе од 50 милиони продажни места и повеќе од 1,2 милиони банкомати низ светот.

Приказната за Diners Club започнува со заборавен паричник и пионер кој видел непознат свет кој чека да биде истражен, а со тоа Diners Club станува првата повеќенаменска картичка за наплата во светот. Наредната година оваа успешна приказна на интернационално ниво ќе одбележи 75 години од основањето.

„Од првиот склучен договор во 1994 година, и првата издадена картичка во 1996 година, нашата визија беше и сѐ уште е да бидеме прв избор кај потрошувачите, да им понудиме многубројни олеснителни околности при купувањето и плаќањето на предмети и услуги во земјата и во странство. Се стремиме да ја развиваме нашата мрежа на продажни места на глобално ниво, унапредување на картичките во чип-картички, и редовно ажурирање на нашата платформа и апликација за да обезбедиме уште подобро и непречено искуство на нашите членови. Diners Club е повеќе од само картичка, Diners Club е чувство на сигурност, припадност и емоција, а сите оние кои се со нас во овие 30 јубилејни години знаат дека секогаш се стремиме да понудиме повеќе за нашите партнери и членови. Кога повеќе значи повеќе“, изјави Божидар Јанковски, извршен директор на на Дајнерс клуб (Diners Club) Македонија.

Успешната приказна на Diners Club Македонија продолжува да се пишува, со уште поголем мотив за сите идни предизвици, нови искуства, напредок и проширување, а сè во фокус на обезбедување извонредна услуга на партнерите, соработниците и членовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ