недела, 14 јули 2024

30 дена притвор за ресенчанец, обвинителството се сомнева дека силувал шестгодишно девојче

Објавено на

часот

Сподели

„Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил и други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со кое бил сосед. Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека тој би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и врз оштетеното дете или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена“, информираа од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ