понеделник, 25 ноември 2024

23 години од загинувањето на 10 резервисти кај Карпалак

По повод одбележувањето на 23-годишнината од загинувањето на десетте резервисти од Прилеп кај месноста Карпалак, денеска делегации на Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Собранието ќе положат цвеќе на спомен-плочата на бранителите на местото каде што загинаа и пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за одбрана најавуваат дека положувањето на венците со свежо цвеќе кај месноста Карпалак ќе се одржи во 9 часот, а во Прилеп од 13 часот.

Делегација на Собранието, во состав Билјана Кузмановска, Миле Талевски и Павле Арсоски, ќе положи свежо цвеќе во 13 часот пред комплексот Карпалак во Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ