четврток, 24 октомври 2024

211 возачи заработија казни за брзо возење

Со радараска контрола на улиците и патиштата низ Македонија вчера сообраќајната полиција регистрира 211 возачи кои ја пречекориле дозолената брзина на возење, повеќето од нив во населено место. Во Скопје се казнети 10 возачи.

Објавено на

часот

Сподели

Од казнетите 211 возачи, четворица возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 115 се фатени на радар во населено место, а 96 надвор од населено место.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за некористење на сигурносен појас, соопштија од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ