понеделник, 28 октомври 2024

204 казни за непрописно вградени фолии и флешери

Од 1 до 31 октомври  Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. При контролата санкционирани се 204 учесници во сообраќајот, од кои 202 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и две санкции за неовластено вградување и користење за уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Објавено на

часот

Сподели

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ