среда, 30 октомври 2024
Меѓу загинатите и деца

17 мртви во напад врз станбена зграда во Украина, Русите: Гаѓавме украински резервисти (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за одбрана на Русија ги коментираше нападите во Украина во текот на ноќта, во кои беше погодена станбена зграда и загинаа најмалку 17 лица. Портпаролот Игор Конашенков рече дека нападите имале цел да ги спречат резервните единици на украинската армија да стигнат до линијата на фронтот.

„Во текот на ноќта руските воздухопловни сили извршија колективен ракетен напад користејќи високопрецизно оружје со долг дострел. Ги гаѓаа областите каде што се привремено распоредени резервните единици на украинската армија. Ги постигнавме целите на нападот и го спречивме напредување на резервните единици на непријателот“, рече Конашенков.

Во деветкатницата во Уман, која Русите ја погодиле со крстосувачка ракета, бројот на загинатите се искачи на 16, додека 31-годишна жена и нејзината двегодишна ќерка загинале во напад врз куќа во Днепар.

„Урнатините во Уман сѐ уште се чистат. Веќе има 13 мртви. Две од нив деца, кои не можеме да ги идентификуваме. Судбината на нивните родители не е позната… Спасувачите ќе работат сѐ додека не се уверат дека под урнатините нема никој“, објави Володимир Зеленски на Твитер.

По оваа објава, Министерството за внатрешни работи соопшти дека во зградата во Уман загинале 16 цивили.

„Само заедно можеме да го победиме рускиот терор – со оружје за Украина, построги санкции против терористичката држава и правични казни за руските убијци“, рече украинскиот претседател.

Русите објавија фотографија со напис „Директно во целта“

Руското Министерство за одбрана на својот канал Телеграм се огласи со значајно соопштение само неколку часа по големиот ракетен напад врз голем број украински градови.

Во објавата на фотографија од лансирање ракета, на руски пишува „директно во целта“.

Не е јасно дали руското Министерство за одбрана мислело на нападите утринава во кои загинаа најмалку 18 цивили.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ