среда, 23 октомври 2024

17-годишник обвинет за убиство на три деца во Саутпорт (ВИДЕО)

Британските власти обвинија 17-годишно момче кое уби три деца и рани 13 лица, меѓу кои 11 деца, во напад со нож во училиште за танц во Саутемптон во понеделникот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 100 луѓе беа уапсени во Лондон за време на протестите поради нападот. Вчера, илјадници луѓе, меѓу кои и многу приврзаници на десницата, се собраа во близина на резиденцијата на премиерот во Даунинг стрит, извикувајќи „Спасете ги нашите деца“, „Ја сакаме нашата земја назад“ и „Стоп за бродовите“, алудирајќи на проблемот со барателите на азил.

Истовремено, во средата вечерта во Манчестер дошло до нереди поради дезинформации за осомничениот на интернет, при што се уапсени две лица, пренесува Гардијан.

Неколку часа пред тоа полицијата соопшти дека против момчето, кое не може да се именува бидејќи е малолетник, е покренато обвинение за три убиства, по 10 точки за обид за убиство и едно за поседување на офанзивно оружје.

Според извештаите, момчето, уапсено во понеделникот, е родено во Кардиф и пораснал во Бенкс, Ланкашир. Во нападот се убиени три девојчиња помлади од 10 години, а пет деца се во критична состојба. Во тешка состојба се и двајца возрасни кои се обиделе да ги заштитат децата.

Од полицијата нагласија дека продолжуваат да соработуваат со антитерористичките единици во продолжување на истрагата. Двајца мажи, на возраст од 18 и 25, беа уапсени во Манчестер откако фрлале шишиња и цигли кон полицајците, а посебна група млади нападнале возач на автобус за време на протестите поради убиството на децата во Саутпорт.

Полицијата смета дека нередите избувнале поради дезинформации кои на интернет се шират од екстремни десничари, а соопштено е дека поради навремена интервенција на безбедносните сили спречена е поголема штета и сериозни повреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ