вторник, 22 октомври 2024

14-годишно девојче од Црна Гора планирало исламистички напад во Австрија

Како што објавија австриските медиуми, обвинителството во Грац поднело обвинение против 14-годишно девојче по потекло од Црна Гора, кое на 17 мај беше уапсено под сомнение дека планирало терористички напад во центарот на тој австриски град, на Јакоминиплац.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Дојавата за терористичката закана дошла од разузнавачката служба на пријателска европска земја што истражувала исламистичка ќелија во Германија и на тој начин дознала за онлајн-активностите на девојчето во Грац.

Како што пренесува Клајне цајтунг, обвинителството и судот сега за медиумите изјавиле дека обвинението е потврдено. Девојчето, чие име не се соопштува, е обвинето дека е членка на Исламска држава, која во Австрија е класифицирана како терористичка и криминална организација.

Од нејзините онлајн-активности, се чини дека таа и уште две лица планирале напади од името на Исламска држава. Едно од овие лица е уапсено во Германија. Таа добила и нож и соодветна црна облека на ИСИС за да изврши терористички напад врз „неверниците“ во Јакоминиплац во Грац.

Запленети биле не само ножот и облеката, туку иследниците пронашле и онлајн-комуникации во кои таа им испраќала слики од можни цели на напади на истомисленици во странство, вклучително и во Јакоминиплац. Токму овие активности и врски довеле до дојавата до истражителите на Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска (ЛСЕ).

При претресот на куќата пронајден бил и пропаганден материјал на Исламска држава. Според обвинителството, во видеото девојчето ѝ се колне на верност на ИСИС на арапски јазик.

Според Клајне цајтунг, судскиот вештак смета дека девојчето е здраворазумно, а датумот на првото рочиште сѐ уште не е одреден. Девојчето се изјаснила за невино. Откако била приведена и спроведена во затвор, одреден ѝ е притвор поради опасност од извршување кривично дело и опасност од прикривање докази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ