За возење повеќе од дозволената брзина полицијата изрече 14 санкции, девет санкции за возење без возачка дозвола, 17 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, изречени се и четири мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, четири санкции за некористење сигурносен појас, а напишани се казни и за друг вид сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, уверуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголемиме безбедноста и културата во сообраќајот.