четврток, 24 октомври 2024

12 повредени во сообраќајка кај Љуботен

Дванаесет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат за село Љуботен, Скопско.

Објавено на

часот

Сподели

Во сообраќајката учествуваа патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е. (61) од Љуботен, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано Е.М. (54) од село Ласкарци, Скопско и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И. (19) од Љуботен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М. (55) од Љуботен,Скопско, а телесни повреди добиле тројцата возачи и осум сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ