понеделник, 23 септември 2024

Најмногу наврна во Крушево, дождот е добредојден за земјоделските култури

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крушево 16 литри на квадратен метар,  14 во Битола и Попова Шапка, 12 во Тополчани, 11 во Прилеп, 10 во Претор, 9 во Пожаране и Маврови Анови, 6 во Охрид, Гевгелија и Дебар, 4  воТетово, Лазарополе, Демир Капија, Велес и Кавадарци, 3 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Скопје-Петровец и само еден литар на квадратен метар во Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка каде се измерени шест степени, а најтопло во Гевгелија 16 степени.

Повремените врнежи што деновиве ја зафатија земјава се корисни и добредојдени за сите земјоделски култури, велат агрометеорлозите. Објаснуваат дека поради долгиот сушен период во изминатиот период и високите температури, дождот ќе го подобри водно-физичкиот режим на почвата и ќе ја зголеми нејзината влажност што беше намалена.

Според агрометеоролозите на УХМР, побарувањата на вода се големи скоро кај сите земјоделски култури.

„Влажноста на почвата е многу значаен фактор за одгледување на земјоделските култури и за остварување квалитетен принос. Побарувањата од вода се големи скоро кај сите земјоделски култури, а токму овие количества врнежи кои паѓаат и паднаа во изминатите денови, ќе бидат потребни и корисни и за предсеидбена подготовка на почвата кај есенските култури што има значење за постигнување високи приноси“, истакнуваат агрометеоролозите.

Тие додаваат и дека врнежите ќе придонесат за дополнување на вештачките акумулаци кои беа со намалено ниво на вода, како и за подобрување на општата хидролошка состојба во земјава.

„Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви“, напоменуваат агрометеоролозите на УХМР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ