сабота, 19 октомври 2024

ЗМСТАС: Медицинските сестри работат без договор за дело и за без пари

Договорите на дело за медицинските сестри, за кои подолго време во здравствените институциите беше ветувано дека ќе бидат трансформирани во редовен работен однос не се случија, реагираат денеска преку соопштение од  Унијата на Здруженијата на медицински сестри откако деновиве медиумите известија дека на медицински сестри и друг медицински персонал не им биле продолжени договорите на дело и на истите им било кажано да не доаѓаат повеќе на работа.

Фото: ЗМСТАС

Објавено на

часот

Сподели

Наместо трансформација на работнот однос еден дел добија продолжување на недостоинствените договори, додека пак на друг дел во текот на вчерашниот ден им беше соопштено повеќе да не доаѓаат на работа бидејќи не им се продолжени истите, велат од ЗМСТАС.

„По ова известување медицинските сестри биле повикани повторно да се вратат во институциите, поради неможноста за организирање на работата, со ветување дека недостоинствените договорите ќе им бидат продолжени. Во ваков статус на договор на дело сестрите се анагжиран на три разни начини, преку агенции, преку проекти и преку интерни правилници на здравствените институции. По сите овие начини нам сѐ уште не ни е познато по какви критериуми истите добиваат и различен финаниски надоместок“, реагираат од ЗМСТАС.

Тие објавија  информација дека во Кичево, пет медицински сестри, веќе три месеци работат без продолжен договор и без финансиски надоместок.

„Посебно сакаме да нагласиме дека и покрај ваквиот хаос во здравствениот систем имаме институции кои отворено продолжуваат да бараат сестри за недостоинствениот договор на дело, меѓутоа повеќе нема заинтересираност. Оваа ситуација во којашто ја измешавме политиката со здравјето на пациентите, Унијата е загрижена за професионалноста која се испорачува во институциите. Поради ваквите настани голем дел од образованите сестри со вештини заминаа и заминуваат од нашата земја. Останавме во здравствените институции сестринството да го браниме со срамна политичка реторика и национално пребројување“,  велат од ЗМСТАС.

Оттаму апелираат „инвестицијата во сестринството да нема транзициони периоди и политики за доброто на пациентите, како стратегија за здрава нација“ и дека мора да се пристапи кон решавање на статусот на сестрите во редовен работен однос и повеќе да не постои никакво отстапување, „бидејќи сето ова е за доброто на сите нас“.

„Унијата во секое време може да понудии соодветни решенија за надминувања на проблемите“, изјави сестра Гордана Бешлиовска претседател на Унијата на ЗМСТАС.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ