недела, 27 октомври 2024
Повеќе од две години е без ангажман

Зидан сака да му се врати на фудбалот, два клуба му се приоритет

Францускиот Ле10Спорт објави дека Зинедин Зидан се подготвува да му се врати на фудбалот, како примамливи опции му се клупите на Реал Мадрид и Јувентус.

Објавено на

часот

Сподели

Популарниот Зизу е без ангажман од 2021 година кога го напушти кормилото на Реал Мадрид.

Изминатиов период често се шпекулираше за неговиот следен ангажман, едно време беше најавуван како нов селектор на Франција, а потоа беше споменуван и како директор во Марсеј доколку клубот биде превземен од инвеститори од Саудиска Арабија.

Како што сега пренесува Ле10Спорт, Зинендин Зидан се подготвува за враќање на фудбалот, и како примамливи опции му се клупите на Реал Мадрид и Јувентус.

Останува да се види дали ќе му се исполни желбата, во моментов и двата клуба имаат квалитетни имиња како тренери во Карло Анчелоти и Макс Алегри, но има многу прашалници за долгорочната иднина на двајцата стратези, и дали тие ќе продолжат во сезоната 2024/25.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ